(ВИДЕО) Прв дабл-дабл во НЦАА за Јакимовски

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски влегува во посакуваната форма и од натпревар во натпревар игра се подобро.

Откако на минатиот меч оствари личен рекорд по бројот на постигнати поени, ноќеска тој го оствари првиот дабл-дабл во НЦАА кариерата. На теренот помина 30 минути и за тој период реализира 11 поени (1/2 за три, 3/4 за два 2/3 од линијата за слободни фрлања) и 12 скока, плус три асистенции. Не треба да се кажува дека беше убедливо најдобар скокач во својата екипа и оствари речиси третина од вкупниот број скокови на Вашингтон Стејт.

И покра одличната игра на Јакимовски, ВСУ го претрпе петтиот пораз во 13. натпревар. Бојс Стејт триумфираше со 58-53, па Кугарс сега се на седмата позиција во својата дивизија.

0Shares
0 0