Три лица се повредени во пукањето што се случило по синоќешниот натпревар меѓу Милвоки и Бостон, пред арената Фисерв Форум.
Дошло до голема гужва поради која морала да интервенира полицијата и да го исконтролира просторот околу арената. Се знае идентитетот на две од трите ранети лица, 16-годишно девојче и 30-годишен маж. Неколку часа подоцна е објавено дека е уапсено машко лице на возраст од 29 години.
Се уште е нејасно дали пукањето е причинето од исходот на натпреварот или дошло до конфликт кога присутните ја напуштале арената.