(ВИДЕО) Реал не знае да победува без драма

0Shares
0 0

Без разлика дали играат против најсилните екипи во Европа или најслабите во Шпанија, кошаркарите на Реал Мадрид уживаат да победуваат во неизвесна завршница.

Само три дена откако ја освои титулата во Евролигата со кош на три секунди пред крајот од мечот со Олимпијакос, Реал го победи новиот член на Втората шпанска лига Бетис со 79-77 на многу сличен начин. На две минути пред крајот, тимот од Севиља водеше со 77-70. Сега на сцена не стапи Љуљ, туку Најџел Вилијамс Гос кој покажа дека научил нешто од својот искусен соиграч.

Американскиот плејмејкер за една минута постигна седум поени со еден влез, две слободни фрлања и тројка и на 52 секунди пред крајот израмни на 77-77. На Љуљ повторно не му одеше, Фернандес и Родригес добија поштеда, па Вилијамс Гос ја презеде одговорноста и во последниот напад и го постигна победничкиот кош на шест секунди пред крајот за победа на неговиот тим во последното коло од основниот дел.

Се покажа дека триумфот нема резултатско значење бидејќи победи и Басконија, па Реал од третата позиција влегува во плејофот. Сепак, губитник од овој меч излезе Бетис кој испадна во Втората лига, заедно со одамна отпишаната Фуенлабрада. Гранада славеше против Хувентут и опстана во елитната конкуренција. По ова коло, познати се и двојките за четвртфиналето од плејофот: Барселона ќе игра со Валенсија, Басконија со Хувентут, Реал со Гран Канарија, а Тенерифе со Уникаха.

0Shares
0 0