Денвер Нагетс го претрпе првиот пораз во сезоната откако загуби на гостубвањето кај Минесота со 89-110.
Никола Јокиќ повторно беше на свото ниво, постигна 25 поени, 10 скока и 3 асистенции, но покрај него, само уште Џамал Мареј имаше двоцифрен број поени (14). Во такви услови, колку и да звучи чудно, Денвер ниеднаш не се најде во водство. Минесота отвори со 13-2, а потоа цело второ полувреме имаше двоцифрена предност.
Ентони Едвардс со 24 поени го предводеше домашниот тим со 24 поени, Таунс додаде 21, а Конли 17. За Минесота, ова беше втора победа во четвртиот натпревар сезонава.
По поразот на Денвер, единствени несовладани екипи во лигата останаа Далас Маверикс и Бостон Селтикс. Мавс го победија Чикаго со 114-105, но Лука Дончиќ овојпат според ефикасноста беше далеку од неговите изданија во првите три кола, постигнувајќи „само“ 18 поени иако имаше и 10 асистенции и 7 скока. Вилијамс го предводеше Далас со 25 поени, а Хардавеј додаде 24, додека кај Чикаго се истакнаа Лавин со 22 поена и особено Вучевиќ со 21 поен и 20 скока.
Бостон Селтикс уште еднаш ја потврди својата напаѓачка моќ оваа сезона, совладувајќи ја Индијана со 155-104. Пејсерс не знаеја од каде да се бранат, на крајот Тејтум имаше 30 поени со 12 скока, а уште седум домашни кошаркари имаа двоцифрен ефект.