Екипата на Чаир во комплетен состав официјално ги почна подготовките за новата сезона во која влегува со мошне изменет состав и со повисоки амбиции.

Во северната скопска населба веќе пристигнаа сите засилувања со кои чаирчани ќе се борат за далеку подобар пласман во однос на претходната натпреварувачка кампања. Летово, тимот се засили со американските кошаркари Тајри Корбет и Диванте Мофит, Србинот, Стефан Крстајиќ како Даниел Нацевски и Александар Штерјов. Во исто време, продолжени се договорите со Фатјон Реџа, Јован Александровски, Предраг Пајиќ, Недим Мустафица, Диједон Синани, Малик Тачи и Арбин Рушити.
Тренер на екипата останува Ерхан Рамадан, а досега се закажани контролни дуели со Приштина, Пеќ ТФТ, Пелистер и Гостивар.