Иако без петмина стандардни кошаркари, Мега приреди големо изненадување во АБА лигата, совладувајќи го фаворизираниот Партизан, на негов терен со 93-90.
За еден од најмладите тимови во регионалното натпреварување не играа Ѓуришиќ, Казалон, Матковиќ и Балцеровски поради ковид и повреди, како и Алекса Ускоковиќ кој дојде по 27 декември кога беше првобитниот термин за овој натпревар. И во такви услови, Мега почесто беше во водство, на полувреме водеше со девет поени разлика, а својата доминација ја продолжи и во вториот дел.
Партизан се закани во финишот, по серијата од 9-0 израмни на 90-90 и се закани дека ќе дојде до победата, како што очекуваа навивачите во Пионир. Следуваше шок на неколку секунди пред крајот кога Дајшон Скучи Смит погоди тројка за голема победа на Мега.