Синоќа во Денвер почна финалната серија од НБА, а во пресрет на мечот, беше објавено видео како шампионскиот трофеј Лери Обрајан стигна во Бол арената.
Интересен беше начинот на кој тој допатува во Колорадо, НБА одлучи тоа да биде интересно, па го испрати по авион со тоа што можеби најважниот чекор беше направен со падобран. Седум килограми тешкиот и 60 сантиметри висок трофеј беше ставен во преден ранец, како кенгурче, а по атерирањето, падобранецот ѝ го предаде на новинарката Малика Ендрјус која го стави на совозачкото седиште од автомобилот и прописно го врза.
It’s a bird. It’s a plane. It’s The Larry O’Brien Trophy skydiving to Heat/Nuggets for Game 1 tonight at 8:30pm/et on ABC! pic.twitter.com/SVF8sZNCLH
— NBA (@NBA) June 1, 2023
Конелно, дури по пристигнување во арената, „Лери“ беше спакуван во специјално дизајниран заштитен куфер. Денвер Нагетс сега е поблиску до него бидејќи поведе со 1-0 во финалната серија. Својот нов сопственик, трофејот ќе го добие најрано на 10, а најдоцна на 19 јуни.