(ВИДЕО) Шампионско демолирање: Милвоки го растури Голден Стејт

0Shares
0 0

И покрај променливите резултати оваа сезона, Милвоки Бакс покажа дека е подготвен повторно да се бори за титулата во НБА, откако ноќеска оствари убедлива победа против вториот најдобар тим на Западот, Голден Стејт Вориорс.

Шампионот победи со 118-99, но само поради опуштањето во второто полувреме бидејќи првото заврши со 77-38 за Адетокумбо и компанија. Вориорс се разбудија во третиот квартал, меѓутоа само во два наврата успеаја негативата да ја намалат под 20.

Адетокумбо оствари трипл-дабл со 30 поени, 12 скока и 11 асистенции, а покрај се истакна и Крис Мидлтон со 23 поени.

Кај Голден Стејт, Вигинс постигна 16 поени, а Стив Кер треба да биде загрижен од големиот пад во формата на првата ѕвезда Стеф Кари. За 29 минути на теренот, тој постигна само 12 поени со едвај 11 шута од игра.

0Shares
0 0