Натпреварот од петтото коло на Меѓурегионалната лига од Централниот регион на Србија, меѓу Металац и Раднички, двата од Ваљево, е прекинат на 37 секунди пред крајот на првата четвртина поради масовна тепачка.
Иницијатори на инцидентот биле тренерите на двете екипи Владимир Паниќ и Александар Ициќ кои поради меѓусебна кавга добиле по една техничка грешка, а потоа и исклучување. Нивниот вербален дуел продолжил и потоа, но набрзо прераснал во физички, а се вклучиле и играчи на гостинскиот тим кои го нападнале домашниотк тренер.
Во меѓувреме и кошаркарите се фатиле за гуша, а се вмешале и родители, па не се знаело кој кого удира.
фото: Sreten Pantelić/valjevskaposla.info




