(ВИДЕО) Слатка одмазда на Голден Стејт: Санс загубија по 37 дена

0Shares
0 0

Голден Стејт се врати на врвот на табелата во Западната конференција по триумфот против својот најголема ривал оваа сезона Феникс Санс.

Вориорс славеа со 118-96 и се одмаздија за неодамнешниот пораз од овој тим. Воедно, му ја прекинаа серијата од 18 победи која траеше од 28 октомври, кога Феникс последен пат беше совладан.

Домаќините водеа во целиот тек од мечот, но разликата ја направија пред крајот на третата четвртина кога поведоа со 80-66. Во последниот квартал беше и +27 за Феникс во финишот минимално да ја намали негативата.

Најдобар играч во победничката екипа беше Стеф Кари кој постигна 23 поени, речиси двојно повеќе од претходниот дуел против Феникс кога го забележа најлошото шутерско шоу во својата кариера. Со 23 поени заврши и Ејтон во тимот на Феникс, но најблиску до него беше Џонсон со „само“ 12 поени.

0Shares
0 0