Легендата на Олимпијакос, Костас Слукас вечерва првпат по 12 години игра против својот матичен клуб во натпревар од грчкото првенство.
Првпат ќе биде и гостин во арената „Мир и пријателство“ бидејќи од пред неколку месеци е член на најголемиот ривал Панатинаикос. Притисокот врз него откако потпиша за ПАо е огромен, па вечерва се преземени најсилни мерки за заштита и на Панатинаикос и лично на Слукас кој стана најголем непријател на навивачите клубот од Пиреја.
Панатинаикос и Олимпијакос веќе два пати играа оваа сезона, но едниот меч, од Суперкупот се одигра на Родос, а вториот, од Евролигата, во ОАКА.