Екипата на Хувентут оствари една од најспектакуларните победи во шпанското првенство оваа сезона, во дуелот со Билбао.
Каталонскиот тим славеше со 81-78 иако во последната четвртина губеше и со седум поени разлика (69-76). Во последните секунди гостите имаа шут за победа кој од полудистанца го промаши Кристијан Куламае, за одбиената топка да ја прифати Андрес Фелис и да погоди од средината на неговата половина.
Сличен кош пред неколку години, за Хувентут, но во Еврокупот, постигна македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој исто така со тоа му донесе победа на својот тим.