Екипите на Милвоки Бакс и Далас Маверикс одиграа еден од најубавите натпревари оваа сезона во НБА лигата.
На крајот славеа Бакс со 132-125 за четврта победа во низа со која го продолжија притисокот врз второпласираната во Источната конференција, Филаделфија 76. Доаќинот дојде до победата благодарение на одличната игра во последната четвртина. Во неа Далас влезе со предност од 98-89, подоцна имаше 104-93, но Милвоки направи 24-9 за пресврт и водство од 117-113.
Во финишот, Далас дојде на 125-127, но Милвоки не дозволи победата да му се лизне од раце. Натпреварот беше пресметка меѓу најдобрите играчи од двете екипи, Јанис Адетокунбо и Дејмијан Лилард од Милвоки и Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ од другата. Ѕвездите на Бакс се радуваа на победата иако Ирвинг и Дончиќ постигнаа повеќе поени.

Адетокунбо заврши со 40 поени, 15 скока и 7 асистенции, а Лилард додаде 27 поени и 12 асистенции. Наа другата страна Ирвинг реализира 39 поени, а Дончиќ остана блиску до трипл дабл со 35 поени, 9 скока и 9 асистенции.