(ВИДЕО) Спектакуларно финале: Канзас до титулата по најголемиот пресврт во историјата

0Shares
0 0

Четврти пат во кариерата, прв по 2008 година, Канзас Џејхоукс се шампиони на НЦАА откако синоќа триумфираа во едно од најдраматичните финалиња во историјата.

Канзас ја совлада Северна Каролина со 72-69 по најголемиот пресврт во постоењето на ова натпреварување, кога станува збор за еден финален натпревар. На полувреме противникот водеше со 15 поени разлика (40-25), а највисоката предност изнесуваше 16 поени. Со тоа Џејхоукс го соборија рекордот на Лојола Чикаго чиј пресврт изнесуваше 15 разлика.

Финишот од натпреварот беше кулминација на сето она што се случуваше во текот на натпреварот. На две и пол минути пред крајот Канзас водеше со 68-65 по што Северна Каролина постигна четири поени во низа. На 21 секунди до крајот Дејвид Мекормак постигна тројка која се покажа одлучувачка, а Северна Каролина не го искористи последниот напад за продолжение. Во него имаше три шута, сите за тројка, но ниеден прецизен.

Тројца кошаркари постигнаа по 15 поени, двајца од Канзас (Мекормак и Вилсон) и еден од Северна Каролина (Бекот). Ова е четврти триумф за Канзас во НЦАА по 1952, 1988, 2008 и 2022 година.

0Shares
0 0