(ВИДЕО) Стариот добар Лука: Дончиќ со тројка му донесе победа на Далас

0Shares
0 0

По кратката криза, еден од најдобрите играчи во НБА, Лука Дончиќ повторно игра на своето ниво.

Ноќеска, Далас триумфираше на домашен терен против Клиперс до 103-101, а клучен играч на мечот беше токму словенечкиот ас. Маверикс имаа 25 поени предност пред крајот на првото полувреме (54-29), но гостите успеаја да се вратат и да го направат финишот крајно интересен. Во последната четвртина и водеа, па Дончиќ мораше да ја спасува ситуацијата.

При еден конфузен напад, на половина минута пред крајот на мечот, топката дојде до него, а тој буквално со звукот на сирената погоди луда тројка со која му донесе победа на својот тим. Тој кош не беше последен на мечот, но Далас отиде на +4 (102-98) што беше недостижно за Клиперс.

Дончиќ го заврши натпреварот со 35 поени, 11 скока и 5 асистенции, му помогнаа Фини-Смит со 21 и Динвиди со 16 поени. Кај Клиперс, прв стрелец беше Пол Џорџ со 23 поени, но имаше и 10 загубени топки.

0Shares
0 0