(ВИДЕО) Страшни сцени и во НЦАА – колабира судија на мечот меѓу Гонзага и УСЦ

0Shares
0 0

По информацијата дека екипата на Јута Џез имала проблем при летот за Мемфис, американската кошарка ја стресе инцидентот што се случи на мечот од НЦАА лигата меѓу Гонзага и Универзитетот Јужна Калифорнија.

Во текот на мечот колабираше судијата Берт Смит кој се струполи на паркетот и ги шокира сите присутни. За среќа, брзо притрча еден од докторите и го спречи најлошото, а арбитарот на носилки беше изнесен од теренот.

Подоцна, медиумите во САД известија дека неговата состојба е стабилна и дека Смит не бил однесен в болница. Сепак, неговото место на теренот го пополни резервниот судија Вилијам Хендерсон кој го доврши мечот.

Натпреварот заврши со убедлива победа на Гонзага од 85-66 со што оваа екипа обезбеди пласман на завршниот турнир од НЦАА.

0Shares
0 0