(ВИДЕО) Теодор Симиќ на 16 години им дели лекции на сениорите

0Shares
0 0

Еден од најперспективните македонски кошаркари полека си го трасира патот кон првиот тим на Барселона.

Иако има само 16 години, тој настапил на пријателски дуел на М18 екипата на каталонскиот клуб против селекција на кошаркари од шпанската четврта лига. Она што го прикажа на натпреварот ги остави со подзинати усти и присутните на натпреварот и шпанските медиуми и љубители на кошарката.

Со 214 сантиметри Симиќ Јуниор се движи одлично на теренот, има прекрасен преглед на играта, а со своите потези потсетува на Никола Јокиќ. Дели неверојатни асистенции, погодува и тројки, игра центарски, игра одлична одбрана, а ниеден од неговите ривали не може да го чува иако станува збор за многу повозрасни од него.

0Shares
0 0