(ВИДЕО) Теодосиќ трагичар на Виртус

0Shares
0 0

Панатинаикос ја оствари третата победа во Евролигата оваа сезона, совладувајќи го Виртус на домашен терен со 88-85 по продолжение.

Мечот имаше драматична завршница, а иако беше еден од најдобрите, трагичар излезе српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ. При нерешен резултат во основниот дел од мечот, тој ја презеде одговорноста за последниот шут и за победа, но не успеа да погоди и натпреварот отиде во дополнителни пет минути. Виртус немаше потреба да оди на тројка, а имаше доволно време да организира сериозен напад и да го загрози кошот на Панатинаикос, а вината што не се случи тоа, оди на сметка на Теодосиќ.

Србинот се обиде и пред крајот на продолжението, но тука не беше негова грешката затоа што на италијанскиот тим не му остана многу време, плус бркаше тројка за израмнување и Теодосиќ мораше да шутира безмалку од половина терен.

Интересно е тоа што тој на теренот помина само 16 минути и за тоа време постигна 12 поени, вклучувајќи три тројки од осум обиди. За два поена не шутна ниеднаш. Панатиникос го имаше Дерик Вилијамс кој постигна 26 поени.

РЕЗУЛТАТИ – ЕВРОЛИГА, 9. КОЛО
Асвел – Баерн 74-75
Панатинаикос – Виртус 88-85
Басконија – Жалгирис 93-73
ВЧЕРА
Монако – Фенербахче 93-96
Алба – Црвена Звезда 84-88
Макаби – Олимпијакос 90-84
Милано – Анадолу Ефес 51-80
Валенсија – Реал 73-80
Барселона – Партизан 79-68

0Shares
0 0