(ВИДЕО) Тепачка на натпревар од женската лига на БиХ

0Shares
0 0

Масовна тепачка се случи на денешниот натпревар од босанското првенство во женска конкуренција меѓу Јединство Тузла и Орлови.

До инцидентот дојде во третата четвртина кога прво имаше меѓусебно влечење, а потоа и боксови меѓу кошаркарки на двете екипи по што се вклучија и останатите. Наида Рашчуклиќ од Јединство и Тамара Рајиќ и Милица Зељковиќ од Орлови беа исклучени од игра.

Откако се смирија страстите, натпреварот продолжи, а победија Орлови со 95-63. Оваа екипа е најдобра во босанското првенство со биланс 10/0.

0Shares
0 0