(ВИДЕО) Тинејџер го постигна првиот кош за Барса, му се израдува од душа

0Shares
0 0

Барселона славеше на гостувањето кај Бургос со 83-69, а еден од најинтересните моменти се случи во последната минута.

Кога „каталонците“ веќе ја имаа победата в раце, Шарунас Јасикевичиус во игра го уфрли 18-годишниот уругвајски интернационалец Аугустин Убал кој неодамна почна да тренира со првиот тим. Тинејџерот ја искористи шансата и на 22 секунди пред крајот го постигна својот прв кош во АЦБ лигата.

Покрај кошот кој можеби е најава на една блескава кариера, интересен беше начинот на кој прослави Убал кој се израдува буквално како мало дете.

0Shares
0 0