По 31 месец и 941 ден, Клеј Томпсон ноќеска се врати во тимот на Голден Стејт Вориорс, на дуелот против Кливленд на домашен терен.
Неговиот тим победи со 96-82, а Томпсон покажа дека се наоѓа во добра форма и покрај долгата пауза. Постигна 17 поени со три тројки и влезе во историјата како втор најбрз кошаркар кој ја минал границата од 1.800 тројки во кариерата.
За оваа бројка, на него му требаа 615 натпревари, а единствениот кој досега беше побрз од него е соиграчот Стеф Кари со 545. Токму Кари беше најефикасен на овој натпревар со 28 поени.