Цел месец Црвена Звезда преку соопштенија креваше тензија во врска со финалната серија од АБА лигата за веќе во првиот натпревар како домаќин против Партизан на површина да излезат сите лоши работи што може да ги помисли еден обичен љубтиел на кошарката.
Третиот меч од финалето помина во невиден хаос, почнувајќи од загревањето на кошаркарите на двете екипи, а малку недостасуваше да дојде и до физички напат врз гостинските кошаркари. Не само што 40 минути им „дишеа во врат“, туку домашните фанови фрлија кон нив се што најдоа покрај себе.
Камерите уловија пивско шише кое за среќа не погоди никого, а обезбедувањето умешно го сокри иако камерите и фоторепортерите го уловија и тоа е едно од доказите за лудилото што владееше синоќа во Пионир, заедно со функционерот кој крена столче за да го фрли кон теренот, но го запреа во последен момент. Посебна приказна е првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ, која е таа сила што ја има да им се заканува, дури и со физички напад на, до заби наоружени полицајци и да ги брка од теренот иако постојат само минимални услови за игра. На добар пат е Човиќ да ја згасне АБА лигата, можеби тоа е и неговата главна намера во овој момент. Сето тоа се случува во присуство на најтесното раководство на АБА кое, прашање е дали има желба и храброст да реагира и да го спречи ова лудило.
За нападите врз кошаркарите на Партизан, вербални и физички, нема потреба да се трошат зборови. Нанели не сакаше да им премолчи на домашните навивачи, па малку фалеше да дојде до тепачка со оние во првите редови. Следува четвртиот натпревар, веројатно тензијата ќе биде уште поголема, а условите за игра уште поненормални.