Два дена откако со 42 поена разлика во првиот меч од полуфиналето на турскиот плејоф, Анадолу Ефес направи брејк и со 92-90, израмни во серијата против градскиот ривал Фенербахче.
Начинот на кој ланскиот европски шампион дојде до првата победа ќе се прераскажува уште долго, а нема да биде чудо ако денешниот натпревар биде прогласен за најлуд оваа сезона во првенството на Турција. Тоа се однесува на последните 22 секунди во кој двете екипи играа по нервите на своите навивачи.
Анадолу Ефес водеше со 89-82 пред Гудуриќ и Биберовиќ да постигнат по една тројка во период од само пет секунди за само -1 за Фенер. Во следниот напад домаќините на овој меч направија лична грешка, а при изведувањето, топката ја украде Хејс-Дејвис кој потоа истрча контранапад и со забивање го донесе Фенербахче во водство од 90-89.
Nefesleri kesen Fenerbahçe Beko – Anadolu Efes serisinde, durum 1 -1 oldu. pic.twitter.com/sDEnSMtaQf
— TurkBasketNet (@turkbasketnet) June 5, 2023
Домашните фанови беа во делириум, веќе почнаа да ја слават победата, но Ефес му останаа шест секунди да организира напад од својата половина бидејќи Атаман немаше тајмаут. Клајбурн ја зеде топката, го истрча целиот терен, а потоа преку двајца противнички кошаркари, од невозможна позиција, погоди тројка за победа на својата екипа. Клајбурн и претходно го држеше својот тим во водство со неколку проектили, а натпреварот го заврши со 35 поени.
Анадолу Ефес ќе биде домаќин на следните два натпревара, а победникот од оваа серија, во финалето ќе игра против победникот од дуелите меѓу Турк Телеком и Каршијака.