Стандардниот мини-состанок на Денвер Нагетс по натпреварот со Мајами помина во извонредна атмосфера што и не е чудо ако се знае дека тимот поведе со 3-1 во финалната серија.
Тренерот Мајк Мелоун набрзина ја прочита статистиката на главните играчи, а ги насмеа присутните кога стигна до Никола Јокиќ.
“Congratulations…we’re not celebrating though.”
Coach Malone shouts out several Nuggets in the locker room after Denver’s Game 4 win to go up 3-1!
(via @nuggets)Game 5: Monday, 8:30 PM ET on ABCpic.twitter.com/oRyprY9Hzz
— NBA (@NBA) June 10, 2023
„Никола, малку сум разочаран од тебе, немаш трипл дабл“, рече Мелоун, алудирајќи на фактот што Србинот растури во годинашниот плејоф кога станува збор за оваа статистичка категорија.
Сепак, дека се е шега, Мелоун потврди веќе во следниот момент кога му подари голем ланец со грбот на Денвер кој најчесто му го доделува на играчот што, според негова проценка, е најдобар на натпреварот.