Декардо Деј го одбележа вчерашниот натпревар во Гевгелија, постигнувајќи 35 поени по што Кожув првпат оваа сезона го совлада Работнички.
Истиот кошаркар стави и точка на мечот со тројка постигната во последната секунда за триумф од 73-72.
Кожув не настапи комплетен на вчерашниот, не играше Тач Анрих, но Деј успеа да го надополни неговото отсуство и да биде клучен во победата.