(ВИДЕО) Циркус на американското првенство: Мечот на САД прекинат поради – дожд!

0Shares
0 0

Натпреварот меѓу репрезентациите на САД и Венецуела, во рамките на американското првенство беше прекинат на полувреме поради обилни врнежи од дожд.

На покривот на Жералдао арена во Ресифе се направила дупка од која капело на теренот и не можеше да се игра. Мечот прво беше прекинат на неодредено време, а потоа одложен за вторник. Во моментот на прекинот, Американците водеа со 48-21.

Репрезентацијата на САД во првото коло доживеа пораз од Мексико, а денеска се среќава со селекцијата на Панама.

0Shares
0 0