(ВИДЕО) Великанот не се предава, тлее надежта за историски пресврт

0Shares
0 0

Бостон Селтикс намали на 2-3 во финалето на Источната конференција откако синоќа на домашен терен славеше со 110-97.

Пред преполни трибини во својата арена, најтрофејниот тим во лигата водеше во текот на целиот меч, а до полувреме направи предност од 17 разлика (61-44). Домаќините беа прецизни во шутот за тројка, а Мајами во тие 24 минути имашем дури 16 загубени топки. До крајот, разликата одеше и до +24, а екипата од Флорида во ниеден момент не доби ни најмала надеж дека може да победи на овој меч и да се пласира во големото финале.

Најефикасен кај Бостон беше Дерик Вајт со 24 поени со шест тројки од осум шута, а Маркус Смарт додаде 23 поени. Првите ѕвезди на екипата Тејтум и Браун и завршија со по 21 поен. Кај Мајами, Данкан Робинсон постигна 18 поени со 9 асистенции, но потфрли или беше запрен Џими Батлер кој реализира само 14 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Без разлика што води со 3-2, сега притисокот е на страната на Мајами кој мора да победи на шестиот натпревар на домашен терен ако сака да избегне „мајсторка“ на теренот на Бостон. Селтикс и натаму се надеваат дека ќе станат првата екипа што успеала да добие една плејоф серија по негатива од 0-3.

0Shares
0 0