Којзнае колку победи и колку трофеи му има донесено Серхио Љуљ на Реал Мадрид откако во 2007 година дојде од Мурсија и стана легенда на клубот.
Последниот шут за титула во Евролигата веројатно ќе биде еден од неговите најдраги во кариерата бидејќи само уште во ова натпреварување досега не погодил за титула. Со 35 години, одлучи дека е време да го направи тоа зашто прашање е дали повторно ќе му се укаже таква шанса.
Да биде иронијата најголема, кошот за победа беше единствен на Љуљ на овој натпревар, но заедно со клучниот шут, упати вкупно два.