Никола Јокиќ одигра уште еден антоголиски натпревар во НБА лигата, но не успеа да го круниса со победа на неговиот тим.
Денвер Нагетс го доживеа третиот пораз во сезоната бидејќи загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 110-115. До него дојде и покрај фантастичниот Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл со 26 поени, 16 скока и дури 18 асистенции. Од 1990 година наваму, тој има најмногу натпревари 25/15/15 во трите најважни статистички категории, а ако се земе целата историја на НБА, подобар од него е само Вилт Чембрлен со 15 такви настапи. Најважно од се, Србинот стана прв кошаркар во историјата со ваква статистика, односно со 26/16/18.
Денвер ниеднаш на овој меч не се најде во водство, на почетокот имаше 2-2 и во последната четвртина се доближи на 102-103, но со серија од 8-0 Пеликанс се одлепија на +9 и го скршија притисокот на гостинската екипа.
Фантастичната ноќ на Јокиќ ја уништи Зајон Вилијамсон кој беше најефикасен во тимот на Њу Орлеанс со 26 поени што е негов личен рекорд оваа сезона.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Милвоки 99-130
Вашингтон – Њујорк 99-120
Атланта – Филаделфија 116-126
Кливленд – Детроит 108-100
Сан Антонио – Сакраменто 120-129
Торонто – Бостон 105-108
Чикаго – Орландо 97-103
Њу Орлеанс – Денвер 115-110
Портланд – ЛА Лејкерс 95-107
Јута – Феникс 128-131
ЛА Клиперс – Хјустон 106-100