(ВИДЕО) Враќањето на Ирвинг не ги реши проблемите на Нетс

0Shares
0 0

Еден од најинтересните факти за минатата сезона беше тоа што Бруклин имаше „големо трио“ кое многу ретко играше заедно и поради тоа не ја освои шампионската титула.

Ништо подобро не е ни оваа сезона во која Кајри Ирвинг ги пропушти првите 35 натпревари, а откако тој почна да игра, ги нема другите две мега ѕвезди. Ноќеска Нетс загубија од Портланд со 108-114, но во екипата го немаше Џејмс Харден поради повреда на коленото.

За Бруклин тоа беше петти пораз во последните седум натпревари, па сега има големо застанување зад лидерот на Истокот, Чикаго Булс. Кевин Дурант беше најефикасен со 28 поени на кои додаде 10 скока, а Ирвинг го заврши натпреварот со 22 поена.

Во екипата на Портланд, која е десеттопласирана на Западот, Роберт Ковингтон постигна 21 поен, а Бен Меклемор 20.

0Shares
0 0