Миленикот на навивачите на Задар, Адем Мекиќ вчера потпиша нов договор со актуелниот хрватски шампион според кој ќе остане таму и претстојната сезона.
Откако преговорите успешно беа завршени, денеска на социјалните мрежи клубот постави специјално видео со некои од најубавите потези на Мекиќ во дресот на Задар, а сето тоа проследено со култната песна на Дадо Топиќ, Македонија.
Ова е само уште еден доказ колку Задар и неговите навивачи го почитуваат Мекиќ, но и каков амбасадор на Македонија е репрезентативецот.