Вечерва во белградската Арена, Партизан и Црвена Звезда ќе одлучат кој ќе биде шампион на АБА лигата за 2023 година.
Атмосферата е зовриена неколку дена наназад, а тоа на своја кожа денеска го почувствуваа играчите на Црвена Звезда. При доаѓањето во Арена, додека се симнуваа од клупскиот автобус, експедицијата на „црвено-белите“ беше пречекана со неколку топовски удари кои силно одекнаа.
На трибините вечерва се очекуваат над 20 илјади гледачи, навивачи на Партизан и јасно е дека ова е само најава на пеколот што го очекува бранителот на титулата.
фото: mozzartsport.com