Вилдоса си оди од Звезда по само една сезона, следна станица – Атина!?

0Shares
0 0

Еден од најдобрите играчи на Црвена Звезда оваа сезона, Лука Вилдоса претстојното лето ќе го напушти белградскиот клуб и ќе се пресели во Панатинаикос, тврдат грчките медиуми.

Наводно, Аргентинецот веќе постигнал начелен договор со шесткратниот европски шампион кој има намера од претстојната сезона да го почне враќањето на старите патеки, по годините на криза и лоши резултати. На клупата треба да биде Пабло Ласо, а со Вилдоса почнува изградбата на силен тим кој ќе има високи амбиции и во домашното првенство и во Евролигата.

Од клубот засега демантираат дека е постигнат каков било договор со Вилдоса и наведуваат дека допрва ќе се прават плановите за новата сезона. Вилдоса оваа сезона постигнува по 12,7 поени, 3,6 асистенции и 2,2 скока во Евролигата, но има пад во формата последниот месец, а вчера доживеа и повреда, на мечот против Басконија на домашен терен.

0Shares
0 0