Вилијамс од Кожув продолжува во Франција

0Shares
0 0

Американскиот плејмејкер Чаз Вилијамс е четвртиот кошаркар, трет странец, кој официјално си замина од Кожув и има нов клуб.

Најдобриот играч на гевгеличани во првиот дел од сезоната, својата кариера ќе ја продолжи во францускиот второлигаш Мориен со кого потпиша договор до крајот на оваа натпреварувачка кампања. Новиот тим на Вилијамс во моментов се наоѓа на четвртата позиција на табелата по десет одиграни натпревари (два помалку од ривалите) со реални шанси да се вмеша во борба за првото место кое води директно во Про А.

Во првиот дел од сезоната, Американецот кој е застапуван од агенцијата Биг, ги одигра сите 12 натпревари во македонското првенство и беше прв стрелец и асистент во Кожув. Просечно постигнуваше по 19,4 поени и 7,8 додавања, со индекс 24,7, исто така највисок кај гевгеличани.

Оваа сезона беше втора за него во македонската кошарка откако минатата ја помина во Пелистер каде, исто така, беше еден од најдобрите играчи.

0Shares
0 0