Виртус го освои Еврокупот и по 14 години се враќа во Евролигата!

0Shares
0 0

Европската бајка на Бурсаспор не заврши среќно и најголемото изненадување сезонава мора да се задоволи само со пласманот во финалето од Еврокупот.

Титулата и пехарот ги освои Виртус кој по 14 години се враќа во елитното европско кошаркарско натпреварување. Лани беше многу блиску, имаше 19 победи по ред, но загуби во полуфиналето од Уникс.

Виртус го победи Бурсаспор со 80-67 во меч во кој тотално доминираше од почетокот до крајот, а ја имаше поддршката од нас десетина илјади навивачи во Виртус Сегафредо Арена во Болоња. Одлично функционираше одбраната, играчите на турскиот тим мораа да земаат тешки шутеви и тоа му отвораше многу простор на домашниот состав. На пет минути пред крајот Бурсаспор се доближи на само пет поени негатива (64-59), но Виртус не дозволи пресврт.

Милош Теодосиќ со 21 поен беше убедливо најефикасен играч на натпреварот. Давид Дуѕински го предводеше Бурсаспор со 14. Член на стручниот штаб на турскиот клуб оваа сезона е Македонецот, Мирко Петрески.

0Shares
0 0