Виртус со буџет од 25 милиони евра почнува да прави тим за враќањето во Евролигата

0Shares
0 0

Во средата Виртус ја освои титулата во Еврокупот и со тоа обезбеди пласман во Евролигата, првпат по пауза од 14 години.

Кориере дело спорт во текот на вчерашниот ден објави дека сопственикот Масимо Занети е воодушевен од овој успех и дека го кренал буџетот за идната сезона на 25 милиони евра. Како резултат на тоа, управата веќе почнала да размислува за засилувања, а наводно, на радарот се три звучни имиња.

Станува збор за српскиот репрезентативец Никола Милутинов од ЦСКА, потоа Јан Весели од Фенербахче и Џордан Мики од Зенит. За Милутинов постои интерес и од Милано, а ако руските клубови не играат во Евролигата идната сезона, сигурно Виртус ќе се обиде да донесе уште еден во своите редови.

0Shares
0 0