Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски ќе го пропушти натпреварот против Охрид во шестото коло од Првата македонска кошаркарска лига поради повреда доживеана на мечот со Еуро Никел.
МЗТ Скопје објави дека под устата, Војдан има шест конци поради исеченица што ја добил по дуел со противнички кошаркар.
Натпреварот против Охрид, шампионот ќе го игра в петок од 17 часот и со него ќе биде отворено шестото коло од македонското првенство.
фото: КК МЗТ Скопје