Четвртиот натпревар од финалната серија во грчкото првенство е прекинат на безмалку три минути пред крајот на третата четвртина, при водство на Олимпијакос со 63-35.
‼️🏀𝝙𝝞𝝖𝝟𝝤𝝥𝝜 στον 4ο τελικό της Basket League στο ΟΑΚΑ…☘️🔴#PAOOLY #PAOBC #Panathinaikos #OlympiacosBC #Olympiacos #BasketLeaguehttps://t.co/q7RR0C9FJI pic.twitter.com/UroDCLXbJZ
— ERT Sports (@ertsportsgr) June 15, 2023
Победа на овој меч му носи шампионски трофеј на тимот од Пиреја, но проблемот беше што се играше на теренот на ПАО. Навивачите на домашната екипа не можеа да ја гледаат немоќта на своите миленици и доминацијата на Олимпијакос, па решија да им ја расипат прославата, како што тоа обично се право на Балканот.
Techno party in OAKApic.twitter.com/w9OQFacmmd
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) June 15, 2023
Прво почнаа со ласери да ги нервираат противниците, но тоа беше ништо во споредба со она што следуваше. Почнаа на теренот да летаат шишиња со вода, димни бомби и петарди и судиите немаа друг избор, освен да се повлечат во соблекувална, заедно со кошаркарите на Олимпијакос. По интервенцијата на полицијата, наредено е трибините да бидат испразнети, па можеби вечерва натпреварот ќе се доигра.

Олимпијакос веќе води со 2-1 во финалето и ако ја задржат предноста на четвртиот натпревар, ќе ја одбранат шампионската титула и ќе дојдат до 14. трофеј во клупската историја.