По турбулентната недела, Работнички го очекува дуелот против Охрид во кој ќе се обиде да ја оствари втората победа во низа и вкупно петта во сезоната. Охриѓани немаат што да загубат, а првпат во својата кратка историја ќе се сретнат со најтрофејниот тим во земјава. Натпреварот во Кале почнува во 18 часот, а ќе се игра без публика.