Во Звезда не го ни знаат составот на МЗТ Скопје

0Shares
0 0

Македонскиот шампион утре го почнува својот настап вок АБА лигата, прв по пауза од четири години, а противник е бранителот на титулата во ова натпреварување Црвена Звезда.

За белградскиот тим тоа е прв официјален натпревар во сезоната и генерална проба пред стартот на Евролигата. Се разбира дека Звезда е апсолутен фаворит на овој меч, како и во цела АБА, но изненадува непознавањето на противникот со кого овој тим ќе се соочи утре. Барем тоа се однесува за авторот на најавата на натпреварот на официјалната интернет страница на Црвена Звезда.

print screen KK Црвена Звезда

„Шампионот на таа земја (Македонија н.з.) и минатосезонски финалист на АБА 2 го предводи Александар Петровиќ, 50-годишен тренер кој во својата кариера ги водел речиси сите екипи од таа земја. Тројцата странци во тимот, кој главно го сочинуваат играчи од Македонија, се Американците Максвел и Мекафри (веројатно мисли на Мајк Кафи н.з.), како и во нашата јавност добро познатиот Страхиња Миќовиќ“, пишува, меѓу другото, во најавата.

Авторот не забележал дека МЗТ Скопје има уште двајца странци – Самет Јигитоглу и Били Реј Ајви кои играа завчера на натпреварот од Суперкупот на Македонија, против ТФТ. Чудно е зошто е тоа така бидејќи составот на македонскиот шампион е ажуриран и на неговата официјална интернет страница и на сајтот на АБА лигата. Тоа може да ги збуни само навивачите на Звезда бидејќи тренерот Владимир Јовановиќ сигурно нема ништо оставено на случајот и добро ги знае сите играчи на МЗТ Скопје и нивните квалитети.

фото: МЗТ Скопје

0Shares
0 0