Кадетите на Водно Санс се нови шампиони на Македонија откако во денешното финале го совладаа Феникс со 82-71.
Еден од најквалитетните и најталентирани екипи во историјата на Македонија и на завршниот турнир ја покажа својата сила бидејќи вчера го совлада Баскет Кам со 104-58, а денеска беше во водство во текот на сите 40 минути и го доврши она што го градеше во текот на целата сезона. Со серија од 11-0 во првата четвртина поведе со 23-9, на средина од вториот квартал ги достигна највисоките +15 (42-27), а потоа знаеше како да ја сочува предноста. Феникс заслужува честитки за спортскиот дух, не се предаде во ниеден момент, на четири минути пред крајот се доближи на само пет поени негатива (70-75), но не успеа да направи целосен пресврт.

Никола Јаничиќ со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа, но се истакнаа уште Даниел Бутемер со 12 поени, 17 скока и 7 асистенции и Лука Марјановиќ со 14 поени, 19 скока и 7 скока. За МВП на завршниот турнир беше прогласен Марјановиќ кој покрај денешниот ефект, во полуфиналето постигна 26 поени и 10 скока.
Кај Феникс, Ивановски постигна 18 поени и 12 скока, Цветковски додаде 17 поени, а Нешиќ 14. ЦВо мечот за третото место, Баскет Кам го победи Куманово со 66-63 и го освои бронзениот медал. Со завршниот турнир во кадетска конкуренција, официјално заврши сезоната во младинските категории кај момчињата.