Водно Санс го има најдобриот скокач на првиот турнир од EYBL

0Shares
0 0

Помладите кадети на Партизан Водно Санс (генерација 2008 и помлади) минатиот викенд настапија на турнирот од Европската младинска кошаркарска лига што се одржа во Дебрецен.

На четирите натпревари, нашиот тим оствари една победа, но за одбележување се неколку индивидуални настапи. Пред се на Филип Сребров кој го заврши турнирот како најдобар скокач со неверојатна статистика.

Играчот кој настапува и за повозрасната селекција оствари 63 скока на четирите меча или во просек по 15,75 на натпревар. За според, вториот во ова рангирање, Марк Сафко од унгарскиот ДЕАК, имаше просек од 13,5 скока по натпревар.

Што се однесува до резултатите, Партизан Водно Санс го победи Дан Дачијан од Романија со 93-87, а загуби од Про Баскет од Србија, Академи Истанбул од Турција и Сокол Прашки од Чешка. Шанса да го поправат впечатокот, помладите кадети на скопскиот тим ќе имаат кон крајот на јануари кога во Тиват се игра вториот турнир од годинашната сезона.

0Shares
0 0