Водно Санс почнува со работа и во Карпош

0Shares
0 0

Од денеска, во две училишта, со работа почнуваат мини-баскет групите на Партизан Водно Санс во Општина Карпош.

Станува збор за Основните училишта „Јан Амос Коменски“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ каде кошарка ќе тренираат најмладите вљубеници во овој спорт. Во „Коменски“ ќе се тренира секој вторник четврток и петок од 15 часот, а во „Карпош“ во вторник и четврток од 15:30 часот.

Групите ќе ги водат тренерот на првата екипа Един Имер и Антонио Савевски, а сите оние кои сакаат да тренираат, односно да се запишат во школата на Партизан Водно Санс во овие училишта, можат се уште тоа да го сторат во гореспомнатите термини.

0Shares
0 0