Водно Санс се шири – во новата сезона во „Борис Трајковски“ и најмодерното училиште во Македонија

0Shares
0 0

По летната пауза и кошаркарскиот камп одржан пред крајот на август, школата на Партизан Водно Санс од понеделник, 12 септември почнува со работа во повеќе спортски објекти во Скопје.

Покрај досегашните сали во училиштата „Кочо Рацин“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски Питу“, овој клуб по неколку години се враќа со тренинзи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а првпат ќе ја користи и салата во во најмодерното училиште во Македонија, „Киро Глигоров“.

Во „Борис Трајковски“ ќе се тренира секој вторник, четврток и петок од 16:30 часот, а во „Киро Глигоров“ во понеделник и среда од 17 часот. Уписите за новата сезона кај сите генерации кошаркари, од 2011 до 2015 година се уште се отворени за сите кои ја сакаат кошарката и имаат желба да почнат да се занимаваат со овој спорт.

Партизан Водно Санс има една од најдобрите кошаркарски школи во Македонија, се натпреварува во сите конкуренции во домашните лиги, а минатата сезона ги освои трофеите во кадетска конкуренција во земјва и во истата категорија во Европската младинска кошаркарска лига (EYBL). Во текот на летото клубот најави шестгодишен проект за професионализација на младите категории што подразбира сите екипи во Партизан Водно Санс да станат професионални, со најдобра програма за работа.

0Shares
0 0