Вогел пред отказ од Лејкерс

0Shares
0 0

Тренерот кој му ја донесе последната шампионска титула на тимот од Лос Анџелес би можел наскоро да добие отказ на својата функција, тврдат американските медиуми.

Лејкерс направија тим кој треба да се бори за трофејот во НБА лигата, но место тоа се наоѓа на седмата позиција на табелата во Западната конференција со негативен биланс 10/11 и со можност да падне уште две места бидејќи екипите зад него имаат два меча помалку. На четвртина од сезоната е тешко да се прават прогнози и проекции, но со оглед на тоа што Леброн и компанија не признаваат ништо друго освен титула оваа сезона, нема да биде чудо ако Вогел навистина добие отказ.

Одлучувачки ќе бидат следните 5-6 натпревари во кои Лејкерс се среќаваат со Детроит, Сакраменто, Клиперс, Бостон, Мемфис, Оклахома итн.

0Shares
0 0