„Вориорс ги победуваат Булс од 1996 во шест натпревари!“

0Shares
0 0

Суперѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари одговараше на прашања од фановите во рамките на еден подкаст, а меѓу нив имаше и едно хипотетичко.

Еден од симпатизерите го интересираше дали Кари смета дека неговиот тим од 2017 година е подобар од Чикаго Булс од 1996 година и дали би го победиле во седум натпревари.

„Апсолутно. Очигледно дека никогаш нема да дознаеме, но цврсто верувам во тоа. И тоа не во седум, туку во шест меча“, одговори Кари.

Булс ја завршија сезоната 1995/96 со биланс од 72 победи и 10 порази што во тоа време беше рекорд кој остана активен две децении. Го соборија токму Вориорс во 2016 година кога член на оваа екипа беше Кевин Дурант. Интересно е тоа што таа сезона Голден Стејт не ја освои титулата во НБА бидејќи загуби од Кливленд со Леброн Џејмс иако водеше со 3-1.

Во фамозниот состав на Булс од 1996 година, освен Мајкл Џордан, играа уште Тони Кукоч, Скоти Пипен, Денис Родман итн., а тренер беше Фил Џексон.

0Shares
0 0