Вориорс се први фаворити за трофејот и идната сезона

0Shares
0 0

Иако сезоната во НБА заврши ноќеска, светските обложувалници веќе објавија квоти за шампионската титула за идната натпреварувачка кампања.

Прв фаворит за пехарот повторно е Голден Стејт за кого квотата изнесува 5. Зад него се Бостон и Бруклин со 6, па Милвоки со 7,5 и Феникс и Клиперс со 8. Очигледно, никој не смета на Лејкерс кои не се ни во топ-6, исто како и Мајами кој оваа сезона беше најдобар тим на Истокот по основниот дел од сезоната.

Од 2013 година, Голден Стејт е единствен тим што успеал да ја одбрани титулата во НБА лигата, освојувајќи ја во 2017 и 2018.

0Shares
0 0