Вознемирувачки крик на Дончиќ

0Shares
0 0

Првата ѕвезда на Далас Маверикс најверојатно ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Лос Анџелес Клиперс откако на денешниот тренинг доживеал нова повреда.

Тој ги пропушти претходните три натпревари, но Џејсон Кид, наводно, сметал на него за овој дуел. Американските медиуми објавија дека за време на тренингот, додека екипата тренирале „пет на пет“, паднал и почна да вреска, држејќи се за левото колено.

Медицинскиот тим се обидел да му пружи помош, коленото му било обложено со мраз, но немало големо фајде од тоа. Дончиќ веројатно ќе го нема вечерва, но по се изгледа ќе пропушти уште неколку натпревари на Далас. Без него на последните три меча, Далас доживеа исто толку порази.

0Shares
0 0