Речиси да нема првенство низ Европа, вклучувајќи ја и Евролигата, каде што оваа пролет немаше некој инцидент.
Во елитното европско натпреварување беше најдрастично бидејќи до тепачка меѓу играчите на Реал Мадрид и Партизан, но потоа дојде до тепачка меѓу навивачи и кошаркари во Италија, тренерска вербална пресметка во Турција, дивеење на навивачи во Израел, фрлање предмети и димни бомби во Израел, идентично сценарио и во финалето од АБА лигата, а исклучок не е ни Шпанија каде во финалната серија се борат Барселона и Реал Мадрид.
„Каталонците“ од синоќа водат со 2-0 откако на домашен терен победија со 86-85, но играчите на Реал, а и медиумите од Мадрид, имаа мноштво забелешки на судењето. Сметаат дека тоа довело до триумф на Барселона која сега има три-меч топки за нова шампионска титула.
Каталонските медиуми, пак, тврдат дека по завршувањето на натпреварот, на патот кон соблекувалната дошло до низа инциденти. Во главна улога, наводно, повторно бил Гершон Јабуселе кој поради тепачката со Партизан беше суспендиран на пет натпревари. Бесен од поразот и судењето, Французинот кршел се што дошло пред него, како во тунелот, така и во соблекувалната.
Ветеранот Руди Фернандес не бил толку агресивен, но ги навредувал судиите, велејќи им дека се „кучкини синови“ и тоа пред играчите на двете екипи. Судии на вчерашниот натпревар беа Антонио Конде, Емилио Перес Писаро и Фернандо Калатрава. Мадридските медиуми најмногу им забележуваат поради личните грешки на Еди Таварес кој во првата четвртина брзо направи два фаула и беше седнат на клупата, а во последните секунди од мечот мораше пак да го напушти теренот поради пет лични.