Исклучително жешката атмосфера во Белград, предизвикана од високите температури, денеска дополнително ја загреа Шпанецот со црногорско потекло Никола Миротиќ кој пристигна во српската престолнина на потпис со шампионот на АБА лигата, Партизан.
Шпанските медиуми пред неколку часа објавија дека тој постигнал согласност за раскин на договорот со Барселона во кој влог беа 22 милиона евра, а најдоцна до изутрина треба да биде претставен како нов играч на „црно-белите“. За него беа заинтересирани бројни евролигаши, вклучувајќи го и градскиот ривал на Партизан, Црвена Звезда, но наводно, во последен момент одлучил да ја прифати понудата од тимот предводен од Жељко Обрадовиќ.
Кога тоа ќе се реализира, Миротиќ ќе стане трето засилување за Партиан ова лето по повратникот Огњен Јарамаз и полскиот репрезентативец Матеуш Понитка.